Фаворизираниот Бразил го започна својот настап на Светското првенство во Катар со победа од 2-0 против Србија. Србите беа храбар противник еден час, но немаа сили да го запрат расположениот Ричарлисон кој со два гола успеа да го скрши отпорот на „орлите“.
Напаѓачот кој настапува за англискиот Тотенхем реализираше во 62. минута кога по одбраната на Милинковиќ-Савиќ имаше само полесна задача да ја смести топката во празниот гол, а единаест минути подоцна со одличен волеј донесе „двојна“ предност од која Србите не можеа да се вратат.
Во вториот натпревар во Катар Бразил силите ќе си ги одмери со Швајцарија во натпревар во кој може да го загарантира своето место во следната фаза, додека Србија првата победа ќе ја бара против Камерун во натпревар „да се биде или не“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА