Ричарлисон со солзи во очите: Конте цели два часа ме понижуваше пред цела соблекувална

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон во лична исповед за неговиот однос со Антонио Конте, кој во март ја напушти клупата на Тотенхем, открива дека италијанскиот стратег во една ситуација дури два часа го понижувал пред цела соблекувална.

Уште во март, по поразот на Тотенхем од Милан во Лигата на шампионите, фрустрираниот Ричарлисон даде интервју критикувајќи го Конте за малата минутажа.

„Да видиме Конте што ќе каже сега, но тука нема будали, затоа што јас сум професионалец кој тренира секој ден и сака да игра. Оваа сезона е сје.ана, но јас ќе се излезам посилен од сето ова“ – рече тогаш Ричарлисон, и веќе следниот ден доби одговор од Конте дека „тој е еден себичен фудбалер“.

Сега, по крајот на сезоната, Бразилецот повторно се осврнува на односот со Италијанецот.

„После тоа интервју, му реков дека погрешив што така јавно прозборев. Му се извинив и му реков дека би можел да ме казни. Но, тој сакаше пред сите да покажам дека само тој е главен. Тоа неговиот начин да се носи со тоа. Па речиси два часа ме понижуваше пред сите, а јас со солзи во очите едвај се воздржував“ – вели Ричарлисон.

Се вчитува...