Екипата на Шкупи против Арсими го одигра најдобриот натпревар во оваа сезона, но неискуството и спортската среќа не беа на страната на екипата од Чаир. Така размислува и Марио Ричков, кој се надева дека лошата серија ќе се прекине на натпреварот во Струга.
„Не следеше лоша среќа во неколку натпревари, но веруваме дека овој пат ќе ја прекинеме таа серија и ќе стигнеме до позитивен резултат. Иако сè уште немаме забележано победа, како млад тим се подобруваме од натпревар до натпревар. Работнички во моментов е во резултатска криза и се надеваме дека ќе го искористиме овој момент за да ги освоиме трите бода и да се вратиме со победа“, вели Ричков.
Ричков нагласува дека Работнички е добро анализиран и дека се воочени нивните слабости.
„Го познаваме добро Работнички како екипа, бидејќи таму играат многу од нашите поранешни соиграчи, како Демир Имери, Флориан Кадриу и други кои поминале низ Чаир. Сепак, ги анализиравме детално – и нивните слабости и доблести. Мотивирани сме и максимално фокусирани да дадеме сè од себе на теренот“, заврши Ричков.
Натпреварот Шкупи – Работнички се игра во Струга со почеток во 15.00 часот.
ПМФЛ 9. КОЛО:
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
ДЕНЕСКА:
(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ
(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА:
(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ
(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ПОНЕДЕЛНИК:
(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

