Ридигер ќе мора да оди на операција

Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер мака мачи со менискусот, поради што е ограничен на тренинзите.

Ситуацијата во која се наоѓа не е нималку наивна бидејќи покрај болката што ја чувствува, не може да тренира бидејќи повредата бара одреден одмор.

Оваа вест доаѓа по болната елиминација на Реал од Лигата на шампионите, која ги разоткри сите недостатоци на мадридскиот тим.

Ридигер веќе подолго време чувствува болки во левото колено, но неодамна поради пеколното темпо во кое играа натпревари во просек по три дена, ситуацијата се влоши.

Дефанзивецот до сега не сакаше да размислува да оди на операција бидејќи тоа ќе го оддалечи од теренот неколку месеци, но како што се влошуваше ситуацијата е се поблиску да се одлучи за тоа, бидејќи повеќе не може да тренира и да игра нормално.

Планира да истурка уште еден месец до крајот на сезоната најдобро што знае, а потоа да замине на операција.

Се вчитува...