Риека шокирана од ирски Шелбурн (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалски шампион Риека по елиминацијата од Лудогорец во Лигата на шампионите, доживеа вистински шок и во првиот меч во квалификациите во Лигата на Европа.

Хрватите вечерва на домашен терен изненадувачки загубија од Шелбурн од Република Ирска со 1-2. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Јанковиќ од пенал во 56. минута.

Гостите само две минути подоцна успеаја да израмнат на 1-1 преку Боне. Конечните 1-2 ги постави Мартин во 70. минута.

Rijeka 1-[2] Shelbourne – John Martin 70'
byu/Meladroit05 insoccer

Се вчитува...