Ригорозна казна за ПАОК: Одземени три бода, службена победа за Олимпијакос

Дисциплинската комисија во Грција ја одреди казната за дивеењето на навивачите на ПАОК, за време на дербито против Олимпијакос. Имено, на ПАОК му се одземени три бода, додека бодовите од неодиграниот натпревар припаднаа на Олимпијакос со службен резултат од 3-0. При тоа ПАОК во следните два натпревари на свое тло ќе игра без поддршката на своите навивачи, а ќе мора да исплатат и 30.000 евра парична казна.

Непосредно пред самиот почеток на дербито во Солун, најстрасните поддржувачи на ПАОК започнаа да дивеат на трибини и при тоа со хартија за фискална го погодија во глава, по што средбата не ни започна, односно беше прекината во истиот момент.

ПАОК со оваа одлука сега е на третата позиција со 49 бода, бранителот Олимпијакос благодарение на службената победа е втор со 52 бода, додека АЕК со 54 бода се на врвот на табелата во грчкиот шампионат, на пет кола до крајот на сезоната.

По оваа дисциплинска постапка клубот полека ја губи трката за титула во грчото првенство за кое чека цели 33 години, а со овие одземени бодови ќе имаат речиси невозможна мисија да стигнат до посакуваниот трофеј. ПАОК веќе на следниот натпревар на домашен терен треба да се соочи со АЕК, лидерот на табелата, голем хендикеп е тоа што ќе играат без поддршка, па доколку не забележат триумф над ривалот со сигурност ќе останат со празни раце и по оваа сезона.

 

Се вчитува...