Ријад Махрез, најдобар фудбалер на Африка за 2016 година

Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Лестер, Ријад Махрез, е избран за најдобар фудбалер на Африка за 2016 година. Тој беше еден од главните адути на менаџерот Клаудио Раниери во освојувањето на шампионската титула на Лестер во Премиер – лигата, со ефект од 17 гола и 11 асистенции.

Махрез во изборот доби 361 гласови, победувајќи го напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, кој доби 313 гласа. На третата позиција се пласира Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, кој доби 186 гласови.

 

Се вчитува...