Ријана купува клуб во Англија, сака да ја освои Премиерлигата

Еден од најстарите англиски фудбалски клубови формиран во 1884 година, Транмер наскоро би можел да доби славни сопственици откако желба за купување на клубот изразија американскта пејачка Ријана и нејзиниот дечко, раперот Асап Роки.

Двајцата дури и веќе испратиле понуда за купување на клубот вредна 15 милиони фунти, информација која ја потврди и нивниот адвокат

„Преговорите започнаа и блиску сме до остварување на целта. Наскоро би требало да дојде до договор, а Ријана ќе ја гледаме на натпреварите во популарната Лига 2“, изјави адвокатот.

Транмер моментално се натпреварува во четвртото по ранг фудбалско натпреварување во Англија, а желбата на новото раководство е напредок од година во година со цел настап во Премиерлигата, а подоцна и освојување на истата.

Се вчитува...