Екипата на Ријека ќе биде осетно ослабена за претстојното дерби со Динамо Загреб, за кое тренерот Кек најверојатно нема да може да смета на двајца македонски репрезентативци, Леонард Жута и Стефан Ристовски. Жута сигурно нема да настапи на оваа средба бидејќи жолтиот картон против Цибалија значи и автоматска суспензија од еден натпревар за левиот бек, а уште поголем проблем за Кек е повредата на Ристовски, ќиј настап е крајно неизвесен.
„Стефан Ристовски и Вешовиќ веднаш по натпреварот се пожалија на повреди. Треба да почекаме да видиме за што точно станува збор, но јасно е дека нивното неиграње, заедно со отсуството на Жута, би било огромен проблем за нас“ – изјави Кек по вчерашниот рутински триумф над Цибалија.
Ријека има предност од четири бода во однос на второпласираниот Динамо Загреб и евентуална победа претстојниот викенд широко би ги отворила вратите за овој тим да ја прекине доминацијата на „модрите“ и да се закити со титулата во хрватскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА