Ријека без Манев со магичен пресврт до плеј-оф во Лигата на Европа

И покрај тоа што на првиот меч со Шелбурн на домашен терен беше поразена со 1-2, и претрпе многу критики, Ријека на реваншот во Ирска успеа да победи со 1-3, и да се пласира во плеј-офот во Лигата на Европа.

Хрватскиот првак успеа со гол во судиското надополнување да дојде до потребната победа која ги однесе во следната фаза, и со тоа хрватската екипа избори минимум пласман во групите во Лигата на Конференции.

За гостите не играше Јован Манев, кој не беше ниту на клупата за резерви на овој меч.

Се вчитува...