Хрватска Ријека доживеа невиден „блам“ на гостувањето против Олимпија Љубљана на реваншот од плеј-офот во Конференциската лига, кој не можеа д го издржат нејзините навивачи па приредија инцидент прекинувајќи го натпреварот.
Откако првиот меч во Ријека заврши без победник, 1-1, вечерва во Љубљана, Олимпија имаше водство од 4-0 уште по првото полувреме. А, веќе со стартот на вториот дел домашните постигнаа нов гол за 5-0 по што навивачите на Ријека почнаа да палат и фрлаат пиротехника на трибините и на теренот.
Судијата во 65. минута беше принуден да го прекине мечот, и побара да се испразни трибината. По пауза од 30 минути натпреварот продолжи откако беа отстранети навивачите на Ријека.
29.08.2024, Olimpija Ljubljana🇸🇮 – HNK Rijeka🇭🇷, Rijeka pyro, check more here: https://t.co/e6rfuNGF78 pic.twitter.com/5EstxYSmxX
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА