Ријека го смени тренерот: Не знам што да кажам, нема пораз од стартот на сезонава

Раководството на Ријека денеска повлече неочекуван потег, врачувајќи му отказ на Жељко Шопиќ од функцијата шеф на стручниот штаб на актуелниот вицешампион на Хрватска.

Ријека под водство на овој стратег ланската сезона до пред самиот крај беше во игра во трката за титулата, сезонава ја почна сосема солидно, па оттука е изненадувањето за отказот на Шопиќ. Уште повеќе ако се знае дека овој стручњак утрово се појави пред новинарите на прес-конференција пред реваншот од Елфсборг. Нецел час по таа прес-конференција, стигна информацијата за тренерската смена во овој клуб.

„Немам што премногу да коментирам. По прес-конференцијата ми се јави спортскиот директор и ми кажа дека претседателот Дамир Мишковиќ одлучил јас повеќе да не бидам тренер. Не ми беше дадена никаква причина за смената, не знам што би кажал – одигравме пет средби сезонава, ниту еднаш не загубивме, имаме гол-разлика 6-1 и сме блиску до остварување на зацртаната цел за Европа. Секако дека можеме да играме подобар и поубав фудбал, но си одам со крената глава. Сепак, Ријека е приватен клуб на Мишковиќ, тој ги покрива финансиите и има право да носи вакви одлуки“, изјави Шопиќ за „Спортске Новости“ по добиениот отказ.

Се вчитува...