Ријека ќе плати казна поради Стефан Ристовски

Изминатиот викенд во Ријека играа домашниот тим против Динамо Загреб, а навивачите на Ријека го навредуваа Стефан Ристовски, со оглед дека во минатото настапуваше за овој тим, а потоа преку Спортинг Лисабон се реши да замине во ривалот Динамо.

Поради навредите упатени кон Ристовски, Ријека ќе плати 7100 евра. Фановите на домашниот тим покрај Ристовски, го навредуваа и тренерот Сергеј Јакировиќ.

На полувремето на мечот Ристовски беше во солзи поради навредите кои стигнаа од фановите на Ријека. Додека настапуваше за овој тим, Ристовски ја освои двојната круна и тоа беше најголем успех во историјата на хрватскиот клуб.

Се вчитува...