Хрватскиот вицешампион Ријека ги планира следните чекори на пазарот, а високо на листата со желби на „сино-белите“ од „Рујевица“ се наоѓа македонскиот интернационалец Димитар Митровски.
Овој фудбалер имаше одлична сезона во дресот на Вараждин, а токму серијата добри настапи во хрватското првенство беше препорака за Ријека да тргне по потписот на Митровски, кој претходно во кариерата настапуваше и за младинскиот тим на Спортинг Лисабон.
Хрватските медиуми тврдат дека преговорите се почнати, но Вараждин побарал превисока сума за Македонецот што вицешампионот на Хрватска нема намера да ја плати. Сепак, кај двете страни постои расположение за продолжување на разговорите, па Митровски би можел наскоро да се пресели во нова средина.
Овој фудбалер досега одигра 43 средби во дресот на Вараждин, притоа постигнувајќи пет гола и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА