Рикардо и Цунода и следната сезона во Алфа Таури

Даниел Рикардо и Јуки Цунода и следната сезона ќе бидат возачи на Формула 1 тимот на Алфа Таури.

Развојниот тим на Ред Бул на тој начин реши да не му даде шанса на младиот дебитант Лиам Лосон, кој во Сингапур ги освои првите бодови во кариерата освојувајќи го деветтото место.

Цунода вака ќе остане четврта сезона во Алфа Таури, додека Рикардо дојде на средината од оваа сезона кога го замени Ник Де Вриј.

Австралиецот се повреди, но се очекува да се врати на патеката на Големата награда на Катар на почетокот на октомври. Во Јапонија наместо него ќе вози Лосон чија иднина за следната сезона се уште не е позната.

Се вчитува...