Возачот на Мекларен, Даниел Рикиардо ги откри своите планови за кариерата во Формула 1. Австралиецот и Мекларен ќе се разделат на крајот од оваа сезона, бидејќи ниту една страна не е задоволна од соработката. Имаше различни шпекулации за тоа каде и дали Рикиардо ќе вози во следната сезона, а тој самиот ги отстрани сите дилеми.
„Нема да возам следната година во Формула 1. Сè уште сакам да бидам дел од најбрзиот караван во иднина, но искрено во моментов ми треба пауза“, изјави Рикиардо.
Поранешниот ас на Ред Бул планира да се врати во 2024 година.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите и кои се плановите на тимот. Во секој случај, по „ресетирањето“ верувам дека ќе се вратам во Формула 1“, заврши Рикардо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА