ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Еден од фудбалерите кои досега не добија шанса на ЕП во португалската репрезентација е Рикардо Орта. Но, фудбалерот на Брага верува дека сега ќе биде стартер против Македонија потенцирајќи дека сите ќе го дадат максимумот за да дојдат до посакуваната победа на утрешниот натпревар.
„Сите ја знаете наша цел, а тоа е да дојдеме до победата. Максимално ја почитуваме Македонија која одигра одлично на натпреварите против Шпанија и против Србија. Сето тоа кажува дека ќе мора многу да се потрудиме за да дојдеме до победата, но верувајте знаеме како да стигнеме до трите бода. На крајот се надевам дека ќе се радуваме и на пласман во полуфиналето на ЕП“ – истакна фудбалерот од средниот ред на Брага.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија утре на стадионот „Миејски“ во Гдиња се игра со почеток од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА