Рикелме: Ми се гади од модерниве фудбалери

Легендарниот аргентински фудбалер, Роман Рикелме кој во богатата кариера настапуваше за Бока Јуниор, Аргентинос, Вилјареал и Барселона, а денеска ја заврши претседателската улога во Бока говореше за односот на денешните фудбалери кој спортот.

Фудбалерот кој е еден од идолите на Лионел Меси е разочаран од однесувањето на денешните фудбалери за кои вели дека повеќе не ги интересира само фудбалот, туку разни работи надвор од него.

„Ние пред се го сакавме фудбалот. Нам не ни беше важно танцувањето по натпревар и слични работи. Денеска фудбалерите повеќе ги интереисра фотографирањето со своите фризери. Ми се гади од нив и се нервирам бидејќи не можам ништо да направам“, изјави Аргентинецот кој има 51 настап за „гаучосите“ во периодот од 1997 до 2008 година.

Се вчитува...