Рикелме: Супер Класико беше наша забава, и ни ја украдоа

Фудбалските натпревари меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс се многу повеќе од фудбал во Аргентина и во цела Јужна Америка. По скандалот што се случи на „Монументал“, откако не се одигра реванш натпреварот од финалето на Копа Либертадорес меѓу овие ривали, КОНМЕБОЛ донесе одлука мечот да биде презакажан за 9 декември, и тоа во Европа, на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Со ова не може да се сложи Рикелме, еден од поранешните учесници во Супер Класико и аргентински фудбалски ас.

„Супер Класико е наша гордост. Копа Либертадорес е наше натпреварување. Но, ти ни го украдоа. Тоа беше наша забава и најголемите клубови од нашата земја треба да го играат мечот во Аргентина“, изјави Рикелме.

Сепак, веќе е донесена одлука дуелот да се одигра во Мадрид на 9 декември.

Се вчитува...