Рики Рубио испрати мистериозна порака

Славниот шпански кошаркар Рики Рубио помина уште една година надвор од теренот откако по настапите за Баселона одлучи повторно да се повлече од кошарката.

Шпанскиот плејмејкер се соочува со проблеми со депресија па се наговести негово заминување во пензија, но дали ова лето ќе ги „закачи патиките“ или пак ќе се врати на теренот останува непознато поготово по последната мисериозна порака која ја испрати преку социјалните мрежи.

„…Една година гледав назад на мојата кариера и на мојот живот и сфатив дека денеска сум тука не поради асистенциите кои ги доделив, туку асистенциите кои ги добив. Ова не збогување, ова е благодарам до сите луѓе кои ми помогнаа по патот…“, стои во објавата на Рубио кој ги наброја и тимовите за кои настапуваше во кариерата.

Рубио кариерата ја започна во Хувентуд во 2005 година по што настапуваше и за Барселона, Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.

Се вчитува...