Рики Рубио не се враќа во Европа

Шпанскиот плејмејкер Рики Рубио нема да се врати во Европа ова лето. Кошаркарот кој една деценија е дел од НБА лигата ги отфрли гласините со објава на социјалната мрежа „Твитер“.

Триесетгодишникот неодамна изјави дека е подготвен за враќање дома, враќање во Барселона, но тоа нема да се случи во сезоната 2023/24.

„Извори блиски до Рики Рубио ме известуват дека Мундо Депортиво лаже. Но, сепак мојот извор не е веродостоен како вашиот“, напиша Рубио споделувајќи ја објавата на шпанскиот медиум за негов премин во Барселона.

Рубио кој НБА кариерата ја започна во Минесота, а потоа настапуваше и за Јута, Феникс и повторно Минесота пред да премине во Кливленд со Кавс има важечки договор и за следните две сезони.

Се вчитува...