Рики Рубио потпиша за Барса, но постои една „финта“ во договорот

Барселона би можела да добие суперзасилување за клучниот дел од сезоната откако потпиша договор со Рики Рубио, извонредниот плејмејкер кој во последните седмици тренираше со каталонскиот гигант.

Шпанските медиуми информираат дека веќе е парафиран договор со важност до крајот на сезоната, но со потписот е брзано за да се запази рокот за регистрација во Евролигата, а се уште не е сигурно дали Рубио ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.

Ветеранот е надвор од терените уште од минатото лето, кога најпрвин се повлече од настап за Шпанија на Мундобаскет нагласувајќи дека треба да се грижи за своето ментално здравје, а нешто подоцна и завршувајќија својата НБА-кариера. Рубио пред околу еден месец објави дека се враќа назад во Шпанија, а Барса му овозможи идеални услови за тренинг и камбек.

Плејмејкерот наводно е презадоволен од развојот на настаните, но се уште нема донесено конечна одлука дали ќе се врати на кошарката. Токму тоа е „финтата“ со една клаузула во договорот, кој ќе стане активен само откако Рубио ќе објави дека сака повторно да игра, во спротивно Барса нема да му исплаќа никаква плата.

Се вчитува...