Шпанскиот кошаркар Рики Рубио неодмана стави крај на НБА кариерата, но не заминува од кошарката туку се очекува натпреварувањето да го продолжи во Европа каде ќе ги брани боите на неговиот поранешен клуб Барсеона.
Искусниот плејмејкер кариерата ја започна во Хувентуд во 2005 година, а дресот на овој клуб го носеше во 2009 година пред да се пресели во Барселона. Во каталонските редови остана до 2011 пред да замине во НБА лигата каде настапуваше за Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.
Шпанецот се броеше до депресија, а следната фаза од рехабилитацијата е враќање на теренот како што вели самиот.
„Сакам да ве информирам дека е време да влезам во последната фаза од рехабилитацијата. Се размислував повеќе недели и мислам дека е време и дека сум подготвен да видам како ќе реагирам со топка во рацете. Следниот чекор кој ќе го превземам е молба до Барселона, без никаква обврска и без дел да им ги пореметам плановите, да тренирам со нив“, напиша Рубио на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА