Даниел Рикиардо со извонредно возење се избори за пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Монако, откако возачот на Ред бул со перфектен круг ги остави зад себе најголемите ривали.
Австралиецот стигна со стил до петтата пол-позиција во кариерата, па така второпласираниот Себастијан Фетел заостана повеќе од 0,2 секунди зад асот на Ред бул. Моментниот лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон, ќе ја стартува утрешната трка зад Фетел, од третата позиција. Зад Британецот во денешните квалификации се пласираа Раиконен, Ботас, Окон, Алонсо…
Претходно, третиот слободен тренинг мина во знакот на излетувањето на Ферстапен, со што младиот возач на Ред бул го оштети болидот и воопшто не можеше да настапи на денешните квалификации, па утрешната трка ќе ја почне од последното место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА