Искусниот Формула 1 возач Даниел Рикиардо можеби ја извозе и последната своја трка во најбрзниот шампионат во светот на Големата награда на Сингапур.
Австралиецот кој вози за РБ заврши на 18. место на трката, а по крајот на истата откри дека бил и преплавен од емоции па затоа и остана во болидот подолго од предвиденото.
„Постои можност дека ова беше мојата последна трка во Формула 1. Ако ова е крајот, јас сум спокоен со начинот на кој ќе заврши мојата Ф1 кариера. Тоа дефинитивно ќе им се случи на сите возачи во одреден момент.
Се обидов да се вратам во Ред Бул, но не успеав. Потоа се запрашав, ако веќе не се натпреварувам за подобар пласман, што навистина се обидувам да постигнам? Горд сум на моите 14 години во Формула 1, дури и ако немам бајковит крај на мојата кариера“, изјави Рикиардо.
Според пишувањата на светските медиуми, до крајот на сезоната неговото место се очекува да го замени младиот Лиам Лосон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА