Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо на неделната Ф1 трка за ГН на Канада во Монтреал, ќе стартува со казна. Австралиецот победи на претходната трка во Монако, но притоа го оштети моторот, а оштетените компоненти мора да бидат заменети.
„Рикиардо сигурно ќе добие казна поради промената на моторот, но се уште не знаеме колку точно. Се уште не знаеме дали и акумулаторот бил оштетен во Монако. Сигурно е дека модулот MGU-K ќе биде заменет. Овој систем откажа во текот на минатата трка и Рикиардо мораше да вози 50 круга без него, но сепак успеа да ја задржи позицијата бидејќи престигнувањата во Монако се речиси невозможни“ – изјави техничкиот шеф во тимот на Ред Бул, Ендријан Нјуи.
Оваа сезона секој возач има право само на два замени на MGU-K, а на Рикиардо ова ќе му биде втора. Првиот систем откажа во Бахреин, а казната за замената е 10 места на стартот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА