Даниел Рикиардо е изненадувачкиот победник на трката за Големата Награда на Азербејџан, откако возачот на Азербејџан одлично се снајде низ улиците на Баку, максимално користејќи ја „војната“ што ја водеа двајцата главни кандидати за титулата, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.
Од самиот почеток стана јасно дека трката ќе биде максимално интересна, откако на стартот дојде до судир меѓу Кими Раиконен и Валтери Ботас. Тоа го искористи Себастијан Фетел за експресно да се искачи на второто место, почнувајќи да му „дише во врат“ на Луис Хамилтон. Поради излетувања на дел од болидите во неколку наврати влегуваше и сигурносно возило, а голем инцидент се случи кога Хамилтон неочекувано ја намали својата брзина по што Фетел го удри одзади. Германецот беше казнет за ваквиот потег со десет секунди, но болидот на Хамилтон беше оштетен при судирот, па возачот на Мерцедес исто така мораше да замине во „пит-стоп“.
По враќањето Фетел се најде пред големиот ривал, но предалеку зад Рикиардо, кој не ја искористи шансата што му се укажа и со рутинско возење стигна до петтата победа во својата кариера. Валтери Ботас извозе фантастично пред самиот крај, па пред целната линија го мина Строл и се искачи на второто место, па возачот на Вилијамс на крајот мораше да се задоволи само со третата позиција. Фетел ја заврши трката како четвртопласиран, веднаш пред Луис Хамилтон, со што двајцата поранешни шампиони ја продолжуваат биттката за нова титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА