Повеќе од јасно беше дека заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари ќе предизвика бројни рокади во Ф-1 тимовите за 2021 година, а „вртелешката“ почна со преселбата на Даниел Рикиардо во таборот на Мекларен.
Главна желба на Ферари за наследник на Фетел е Карлос Саинц од Мекларен, а откако заминувањето на шпанскиот возач стана извесно, челниците на британскиот тим експресно реагираа постигнувајќи договор за повеќегодишна соработка со Рикиардо.
„Потписот со Даниел е уште еден чекор напред за нашиот долгорочен проект. Ова е одлична вест за сите во Мекларен бидејќи донесовме „тимски играч“ кој ќе ни биде од голема корист. Исто така, сакам јавно да му е заблагодарам на Карлос Саинц за извонредната работа што ја врши за нашиот тим и да му посакам многу среќа во следните ангажмани“, изјави првиот човек на Мекларен, Зек Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА