Даниел Рикиардо го освои првото место на Големата награда на Кина. Тој ја издржа неверојатно возбудливата трка и прв мина низ целта со време од 01:35:36.380 часа, за негова шеста победа во кариерата. Второто место му припадна на Валтери Ботас со речиси десет секунди заостанување, а трет е Кими Раиконен. Зад него се пласираше Луис Хамилтон, а потоа низ целта мина и Макс Верстапен.
Беше тоа една мошне интересна и содржајна трка со многу претекнувања и блиски контакти меѓу болидите. На неколку круга пред крајот се судрија и се извртија болидите на Фетел и на Верстапен, а сето тоа го искористи Рикиардо и на крајот стигна до заслужен триумф, прв по Азербејџан во 2017 година.
Со овој триумф, и тимот на Ред бул покажува дека ќе има „силни крилја“ во годинашното натпреварување во Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА