Центарот на Работнички, Роберт Рикиќ, е МВП на 15. коло во кошаркарската Супер-лига откако токму овој кошаркар ги предводеше „центарци“ до триумф над Кожув и прва радост во новата календарска година.
Рикиќ доминираше во рекетот стигнувајќи до 24 поени, надополнето со 14 скокови и четири украдени топки, како и една блокада. Со вкупно 41 индексен поен, хрватскиот центар заслужено се закити со ова МВП-признание.
Покрај него, во идеалната петорка на ова 15. коло се најдоа уште четири кошаркари…
АМАР ХОТ (МАЏАРИ)
Уште едно дабл-дабл остварување за крилниот играч на Маџари во оваа сезона. За период од 34:52 минути на теренот, дојде до учинок од 19.поени (7/10 во обидите за два поени и 5/6 во оние кои вредат по еден). Дополнети со 14.скока (пет од нив беа офанзивни), плус четири украдени топки, две загубени, една асистенција и една блокада, и индекс 31, втор во овој круг од натпреварите.
АНДРИЈА СТЕВАНОВИЌ (МКК КУМАНОВО)
Бекот на екипата од Куманово беше еден од четворицата кои имаа двоен број на реализации, но имаше најмногу – 28. Реализираше со висок процент, (6/7 во обидите за три поени, 5/7 во оние за два). За 26:22 минути во игра, додаде и пет асистенции, четири скока, една освоена и пет загубени топки, сето тоа заедно за 30.индексни поени.
СТОЈАН ЃУРОСКИ (МКК КУМАНОВО)
Искусниот крилен играч на МКК Куманово, одигра поголем број на минути, 38:11 на средбата со Ангели, во кои постигна 23.поени (со еден нереализиран обид од десет, и максимални 2/2 од линијата за слободни фрлања). Дополнети со шест скока, пет асистенции и три загубени топки, што збирно прави индекс 27.
ДУШАН ТАНАСКОВИЌ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)
Од натпревар во натпревар потврдува дека ќе биде големо засилување за бранителот на титулата. Таква потврда даде и на средбата со Гостивар во која за скоро 30.минути во игра, постигна дабл-дабл.
Реализираше 18.поени (со идентични 6/11 во обидите за два поени и оние од линијата за слободни фрлања). Плус и 15.скока (но десет од нив беа напаѓачки), како и три блокади, по една освоена топка, асистенција и две загубени топки.
*петорките се формирани според бројот на реализирани индексни поени
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

