Рико по една година се враќа на терените

Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико добил лекарска дозвола да му се врати на фудбалот по 11-месечно закрепнување од несреќата што го снајде додека беше на одмор во родната Шпанија.

Шпанскиот голман во мај доживеа несреќа на јавање во Андалузија, при што ги скрши пршлените на вратот и доживеа мозочен удар. За време на одморот во Севилја, Рико падна од коњ и се повреди.

По голема борба и 36 дена на интензивна нега, лекарите успеајае да му го спасат животот. Во болница помина вкупно десет недели. Повремениот шпански репрезентативец, минатата сезона беше резерва на Џиџи Донарума на голот на „Париските светци“. Во текот на кариерата бранеше и за Севилја, Фулам и Мајорка.

Се вчитува...