Рико се огласи првпат по несреќата: Благодарам на сите, мојата состојба се подобрува…

Голманот на ПСЖ Серхио Рико се огласи првпат по несреќата која ја имаше на 28. мај кога падна од коњ и притоа доби тешки повреди на мозокот.

Чуварот на мрежата сега се огласи за првпат на социјалните мрежи, и се заблагодари на поддршката од сите. Тој напомена дека неговото здравје од ден на ден се подобрува.

„Сакам да им заблагодарам на сите кои ми испраќаа поддршка во сите овие тешки денови. Продолжувам да работам на моето закрепнување, мојата состојба се подобрува од ден на ден. Се чувствувам многу среќен. Уште еднаш ви благодарам и се надевам ќе се видиме наскоро“, напиша Рико.

Се вчитува...