УЕФА го наведе 19. април како краен рок до градовите домаќини на претстојното Европско фудбалско првенство и дефинитивно да одлучат за бројот на гледачи на стадионите.
Коронавирусот сè уште создава проблеми во светот, но организаторите се погрижија натпреварите на ЕУРО да не бидат пред празни трибини.
Рим имаше најмногу проблеми во организацијата. Владата таму разгледа разни опции. Првaтa алтернатива беше ослободување на 10.000 билети за натпреварите на „Олимпико“, но гледајќи го капацитетот на стадионот, тој сепак ќе беше мал. Втората опција беше 12.000, но да бидат распределени 3.000 во секој сектор.
„Доколку УЕФА не го продолжи рокот, ќе мора брзо да реагираме и да донесеме одлука за доброто на фудбалот, но и да се грижиме за здравјето на присутните“, соопшти градската управа.
УЕФА не го продолжи рокот, а италијанските медиуми наведуваат дека е договорено 17.000 билети да бидат пуштени на продажба на „Олимпико“ за време на ЕУРО.
Италија е инаку строга во однос на правилата поврзани со пандемијата на коронавируст, па здравствената организација на Апенините ќе претстави правилник во наредните денови, според кој гледачите ќе можат да купат билет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА