Римската битка без победник, Соуле со еврогол ја спаси Рома од пораз

Лацио и Рома ремизираа 1-1 во големото римско дерби од 32. коло во Калчо-лигата, меч што ќе остане запаметен по евроголот на Матијас Соуле со кој аргентинскиот офанзивец спречи пораз на „волчицата“ од вечниот ривал.

Почетоот на мечот мина во знакот на голманот на Рома, Свилар, кој со две извонредни интервенции спречи Лацио да дојде до посакуваното водство. „Сино-белите“ сепак успеаја да поведат со голот со глава што го постигна Ромањоли, но и тоа се покаже недоволно да се стигне до цел плен.

Соуле е фудбалерот што спречи радост на Лацио на големото дерби, откако постигна извонреден гол од околу 25 метри, со што оваа градска пресметка заврши без победник.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...