Актуелниот италијански шампион, Јувентус, денеска го претстави првото зимско засилување, Томас Ринкон, кој дојде од Џенова. Тој е задоволен што стана нов член на „бјанконерите“ и за него претставува голема чест и задоволство да биде дел од клубот со голема традиција.
„Конечно ми се оствари сонот. Можам да гарантирам напорна работа и ќе се потрудам да докажам дека можам достојно да го носам овој дрес. На располагање сум на тренерот и подготвен да одговорам на секоја задача зададена од него. Првите впечатоци се одлични и се гледа дека станува збор за голем клуб, едно прекрасно спортско семејство“ – истакна Ринкон.
Тој три сезони ги бранеше боите на Џенова, а претходно во кариерата настапуваше и во Бундес – лигата, во Хамбургер, како и во клубовите од Венецуела, Депортиво Тачира и Замора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА