Рио Фердинанд ќе стане спортски директор на Манчестер Јунајтед ?

Рио Фердинанд веќе се сретнал со Ед Вудворд и разговарале околу можноста легендата на клубот да стане првиот спортски директор на тимот од „Олд Трафорд“. Извршниот дирктор има сериозни намери да му даде значајна функција на Фердинанд, особедно што и семејството Глејзер било особено заинтересирано Фердинанд повторно да биде дел од клубот. Сопствениците правеле обиди Фердинанд да биде во Јунајтед уште веднаш по завршувањето на кариерата, но лични причини го спречија да преземе функција.

Манчестер Јуајтед е во фаза на реконструкција и е во обид да донесе некоја личност која ќе даде вистински правец на трансфер стратегијата и кој ќе ги води преговрите, а ќе има блиска реалција со менаџерот.

Вудворд го посочи Фердинанд како сериозен кандидат поради тоа што тој веќе има искуство во бизносот, а на клубот му се допаѓал и неговиот аналитички пристап во телвизиските настапи.

Рио Фердианд мина 12 години во Манчестер Јунајртед, беше капитен на тимот, освои шест премиерлигашки титули и еден трофеј во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...