Рио Фердинанд му пушти порака на Мурињо…

Манчестер јунајтед синоќа со победа на „Олд Трафорд“ против Лестер (2-1) ја отвори новата сезона во Премиер лигата. Во составот на „црвените ѓаволи“ има неколку засилувања за новата сезона, но нема драстични промени во играчкиот кадар и во системот на Жозе Мурињо.

Вниманието во јавноста го привлекоа измените во броевите на дресовите во Манчестер јуанјтед и реакцијата на легендарниот Рио Фердинанд. Аргентинецот Маркус Ројо кој не настапи на вчерашниот меч одлучи во новата сезона да го носи дрсот со бројот 16, па неговата 5-ка остана без сопственик.

На тоа веднаш се огласи Рио Фердинанд кој со години го носеше овој број во Манчестер јунајтед. Тој порача дека е подготвен за враќање и во шега му порача на Мурињо дека чека повик да се врати од пензија.

Се вчитува...