Поранешниот англиски репрезентативец и член на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, како аналитичар на Светското првенство за „Би-Би-Си“, истакна дека селекцијата на Србија е ограбена на синоќешниот меч против Швајцарија. Србите загубија со 1-2, а Феринанд смета дека имаше класичен пенал над Александар Митровиќ, кога беше соборен во шеснаесетникот. Германскиот судија Феликс Брих не сакаше да ја погледне снимката и да побара помош од ВАР – технологијата.
„Не знам што прават луѓето кои носат одлуки, но во ситуацијата при прекршокот над Митровиќ, мораше да биде повикан ВАР на помош. Двајца играчи со рвачки старт го соборија Митровиќ. Еден од дефанзивните фудбалери воопшто не ја гледаше ни топката. Митровиќ беше меѓу двајца фудбалери, и тоа никако не можеше да биде фаул во напад. Ова е како грабеж на улица, неверојатно“, беше коментарот на Рио Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА