Рисовиќ ја спаси Србија, сензацијата се вика Фарски Острови

Новиот натпреварувачки ден од женскиот ракометен мундијал донесе големи возбудувања, а најголемото изненадување го приреди селекцијата на Фарските острови, славејќи на дуелот со фаворизираната Шпанија со резултат 25-27.

„Црвената фурија“ не успеа да ја оправда фаворитската улога, мотивираните ракометарки на Фарските Острови се вратија по негативата од 11-14 во првото полувреме и со голем пресврт во вториот дел стигнаа до најголемата победа во историјата на оваа селекција. Бранденборг со седум гола беше најефикасна во оваа голема победа, додека шест погодоци за Фарските Острови постигна Јана Митун.

Србија обезбеди билет за следната мундијалска фаза откако по голема драма славеше над Исланд со 27-26. Србинките доминираа во првото полувреме, во вториот дел имаа 21-14, но потоа минаа десет минути без постигнат гол и со серија грешки му помогнаа на противникот да се врасти. Хероина беше голманката Рисовиќ која имаше три извонредни интервенции во последните пет минути, меѓу нив и клучнната одбрана при 27-26 на десет секунди до крајот.

Холандија рутински си ја одработе задачата против Аргентина славејќи со 32-25, за прва победа во групата во која се наоѓаат и селекциите на Австрија и на Египет (Австријките го добија тој дуел со 29-20).

Се вчитува...