Ристе Јанков има нов клуб, потпиша за Политехника

Повремениот македонски репрезентативен голман Ристе Јанков, е нов член на романска Политехника Јаши. Тој досега го чуваше голот на Каспиј од Казахстан, а сега ќе брани во романската втора лига.

Јанков е дете на Работнички, а покрај за „романтичарите“, бранеше за Локомотива.

Минатата сезона направи прв интернационален трансфер во Казахстан, но по само шест месеци го смени тимот. На Каспиј му се приклучи во февруари оваа година.

Се вчитува...