Доскорашниот голман на Тиквеш, Ристе Јанков во пролетниот дел од сезоната ќе се бори за место на голот на Шкендија. По заминувањето на Давор Талески кој потпиша за Вардар, Шкендија експресно најде негова замена.
Јанков беше поранешен репрезентативец, а беше дел и од Работнички. Потоа играше во Казахстан во Каспиј, и во Романија во Политехника, од каде повторно се врати во Македонија, најпрво во Брегалница, а потоа и во Тиквеш.
Тој е првото засилување за Шкендија оваа зима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА