Ристе Наумов во стручниот штаб на Брегалница!

Поранешниот капитен на ФК Брегалница и штипска легенда Ристе Наумов ќе биде дел од стручниот штаб на штипските сини.

Со својата богата интернационална кариера и големо фудбалско искуство, несомнено Наумов ќе биде од огромна помош во исполнување на целите на Брегалница.

„Со овој потег, раководството на Брегалница покажува респект кон оние кои дале многу за клубот, а воедно и знаат како треба да се работи во клубот да се оди напред!“ – информираат од ФК Брегалница.

Наумов е поранешен македонски репрезентативец кој во својата кариера настапуваше и за Цементарница 55 и Вардар во Македонија, како и за кипарските Омонија и Етникос Ахна, како и чешките Викторија Жижков и Славија Прага.

Се вчитува...