Ристе Темелков не прифати нов договор и заминува од Тиквеш

Тиквеш се раздели со уште еден фудбалер. И покра понудениот договор, сепак, Ристе Темелков се одлучи да го напушти тимот од Кавадарци и да бара нова средина.

Ова го соопшти ФК Тиквеш кој и покрај инсистирањето да остане играчот од средниот ред, сепак, на крајот одлучено е двете страни да се разделат.

Претходно Тиквеш се раздели и со Барга Нгоба, Николај Христов, Стефан Наумчевски, Урош Мирковиќ, Стефан Костов и Виктор Наумовски.

Се вчитува...