Утре се игра големото македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар, со што почнува 25. коло после репрезентативната пауза. Во Битола, ќе биде спектакл. Се очекува полн стадион, и одлична атмосфера за најголемото дерби.
Пелистер очекува тврд и добар натпревар, но како што велат од битолскиот табор, мотивирано го исчекуваат дерби мечот во надеж дека ќе победат.
„Утре се игра најголемото дерби, и јас сум горд што ќе играм за Пелистер, за овој град и за нашите навивачи. Мотивацијата е на највиско ниво. Вардар го респектираме и почитуваме, но одиме на три бода. Играме за клубот Пелистер, за градот Битола, и за навивачите Чкембари“, рече Ристески.
За потсетување, Пелистер најави дека сите средства собрани од билетите на овој меч, ќе бидат донирани за жртвите од трагедијата во Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА