ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија утре против домаќинот Данска ќе го стартува настапот на Европското првенство во Скандинавија.
Репрезентативниот пикер, Самоил Ристевски ги даде своите очекувања за шампионатот.
„Целта е секогаш да бидеме на високо ниво и секоја година да бидеме дел од големите натпреварувања. Во Данска играат најдобрите ракометари на светот. Имаат малку слаби страни, повеќето им се добри. Се подготвуваме и анализираме да ги искористиме нивните послаби страни. На Европско првенство нема што, на сите натпревари одиме по добар резултат“, изјави Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

