Македонската репрезентација втор ден ги одработува подготовките за престојниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн кој во петок (24. март) го играме на гостински терен.
Дефанзивецот Кире Ристевски настапува стандардно во првиот тим на унгарскиот Вашаш, наметнувајќи се како еден од водечките кандидати во одбраната за стартниот состав на Игор Ангеловски во Вадуз. Ристевски е позитивно расположен во очекување на дуелот потенцирајќи дека Македонија безусловно ќе оди на првите три бода во овие квалификации.
„Не размислуваме за ништо друго освен за победа на дуелот во Лихтенштајн. Сите во националниот тим сме свесни дека од досегашните квалификациски натпреварува не заслуживме да бидеме без бодови, но таков е фудбалот. Заслуживме досега да имаме најмалку четири бода, но ете несреќно загубивме и од Албанија, и од Израел и од Италија… Сега е време да дојдеме до првиот триумф. Секој од нас мора да го даде максимумот и да не дозволиме ново разочарување“ – вели Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА