Ристевски потпиша за Брера Струмица

Струмичкиот прволигаш Брера го договори и првото играчко засилување за наредната сезона, воедно и прв трансфер на клубот под ова име откако беше ребрендиран од Академија Пандев.

Станува збор за Александар Ристевски, 31-годишниот дефанзивец кој потпиша едногодишен договор со Брера Струмица откако си замина од таборот на Брегалница. Ристевски минатата сезона постигна и три погодоци за штипскиот прволигаш, а по договорениот трансфер веднаш замина за Банско и се приклучи на подоготвките на Брера Струмица под водство на италијанскиот тренер Џовани Валенти.

Во својата кариера Ристевски има играно за екипите на Победа, Металург, Скопје, Пелистер, Ренова, Струга ТЛ и Работнички но и за Влазнија во албанското и Пришитина во косовското првенство.

Се вчитува...