Фудбалерите на АП Брера утре на домашен терен ќе го пречекаат Шкупи во последниот меч на двата тима за оваа 2023 година како дел од 18. рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Искусниот Александар Ристевски вели дека Шкупи е квалитетен тим против кој мора да се ,,изгине“ на теренот и да се освојат бодовите од овој меч и со победа да се заврши полусезоната.
,,Ни гостува една добра екипа како Шкупи кои се втори на табелата што говори за нивниот квалтиет. Имаат добри офанзивни играчи кои можат да направат разлика на теренот. Ќе биде тежок натпревар, последен за оваа година. Мора да се „изгине“ на теренот и да се освојат овие бодови, за тоа што ни се многу потребни и убаво ќе биде да се заврши полусезоната со победа“, вели Ристевски.
Мечот е со почеток во 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

