Македонскиот фудбалски интернационалец Ристо Митревски во новата сезона ќе го носи дресот на Енозис. Тој најде заеднички јазик со раководството на кипарскиот прволигаш и потпиша договор.
Митревски имаше непријатна авантура ова лето со Сепси, се договори за соработка, но Романците уште од старт не сакаа да го испочитуваат договорот. Дефанзивецот претходно две сезони настапуваше за Хапоел Хаифа во првенството на Израел, а беше интернационалец и во Србија и во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА