Ристо Митревски продолжува во Индонезија

Македонскиот дефанзивец Ристо Митревски, во идната сезона ќе има нов клуб. Тој се сели во Индонезија, каде во иднина ќе настапува за тимот на Дева Јунајтед.

Листата на клубови во која настапувал во минатото Митревски е долга. Во Македонија играше за Работнички, Победа, Напредок, Тетекс, Металург, а потоа почна интернационална кариера играјќи во Сараево, Истра, Хапоел Хаифа, Енозис, Алашкерт, Сабах.

Дева Јунајтед истакна задоволство од соработката со Митревски.

„По разговорите со стручниот штаб, го ангажиравме Митревски како прв странски играч во нашиот клуб. Иако никогаш не играл во нашето првенство, се надеваме дека добро ќе се адаптира. Се надеваме дека со неговото присуство ќе придонесе за подигнување на тимот на повисоко ниво“, истакнаа од клубот на Дева.

30-годишниот Митревски беше дел од помладите селекции на Македонија.

Се вчитува...